Македонија
13. August 2024 - 16:42

10 активни пожари во Mакедонија: Tешки борби со пожарот над Пехчево

Три ер трактори на ДЗС утрово им се приклучија на полициски хеликоптери, и од  воздух го напаѓаат пожарот кај Пехчево. Трет ден ситуацијата е сериозна, гори мешана шума. Двесте лица на терен спречуваат стихиите да се прошират, на поголема површина. Мобилизирано е целото население на Пехчево. 

Освен кај Пехчево, службите имаат главоболки и од пожарите кај Македонски Брод кои се протегаат кај ловиштето Јасен и село Белица. Овде гори борова шума. 

Три пожари, втор ден по ред има и во кичевските краишта. Кај Ресен, пожарот на Галичица се шири во правец кон Стење. Денеска е критично и кај Крива Паланка и во кај село Трубарево, во скопска Гази Баба, каде гори сува трева. Проблем е и пожарот кај Новаци, властите една недела не може да го локализираат.

Вчера избувнале вкупно 37 пожари на отворено, а 21 од нив  се изгаснати. Под контрола денес се држат шест пожари низ Македонија, но многу лесно може да преминат во активни, земајќи го во предвид фактот дека нашата држава е во портокалова фаза.