Македонија
8. July 2020 - 11:29

10-годишно дете тешко повредено во сообраќајка во Прилеп

Вчера во Прилеп, 52-годишно лице удрило во велосипед, кој го управувал 10-годишник. Велосипедистот со тешки телесни повреди е пренесен во Градскатс болнца во Прилеп. Како што информираат од МВР:

„На 07.07.2020 во 18.06 во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул,,Димо Наредникот“ и ул,,Сотка Џигиџик“ во Прилеп, патничко возило „мазда”, со прилепски ознаки, управувано од Н.Г.(52) од Прилеп, удрило во велосипед, управуван од 10-годишник.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа на ПС Прилеп.“