Балкан
25. July 2021 - 16:47

10 загинати - 45 повредени, се преврте автобус на автопатот кај Славонски Брод

Автобуска несреќа во Хрватска беше фатална за 10 лица. 44-ца побарале лекраска помош. Трагедијата се случила утрово околу 6 часот и 20 минути на автопатот А3 кај Славонски Брод. Двокатниот автобусот од се уште неутврдени причини излетал од патот и се превртел.

- Во автобусот имаше 69 луѓе – 67 патници и двајца возачи. За жал 10 лица загинаа од кои 9 се патници и еден возач. Имаме и 15 тешко повредени лица. 15 од патниците беа малолетници од кои една девојка е во тешка состојба, изјави  министерот за здравство Вили Берош.

Возачот кој управувал со автобусот во моментот на несреќата е мегу преживеаните. Обвинителството на Славонски Брод соопшти дека тој и приведен.

Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава .Возачот признал признал дека за миг задремал, но тоа се ке утврдиме подоцна велат од Обвинителствоото на Славонски брод Славко Прањич

Сите патници во двокатниот автобусот кој сообраќал на релацијата Франкфурт – Приштина биле косовски држајвани на печалба во Германија кои се упатиле на годишен одмор во Косово изјави амабсадор на Косово во Хрватска.

Првично беше обајвено дека се работи за автобус со македонска регистрација, но подоцна полицијата сооошти дека возилото е со косовски регистарски таблици, сопственост на туристичката агенција Дева Турс со седиште во Приштина.

- Со голема тага ја примивме веста за автобуската несреќа. Мислиме на семејствата на жртвите и на косовските власти и народ, на кои им изразуваме нашето најдлабоко сочувство, напиша хрватскиот премиер на Твитер.  

Во 2007 година на автопатот А3 во близина на Нова Градишка загина и македонскиот поп пејач, Тоше Проески.