100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
„СКОПСКО“ ја лансираше новата кампања со која почнува прославувањето на 100-годишнината од постоењето на нашето најпознато пивско име.
Во 1924 година во „Пивара Скопје“ се точи првото пиво „СКОПСКО“. Оваа година, еден век подоцна, „СКОПСКО“ слави 100 години. Импозантна бројка и огромен успех, кои се должат на сите вас! Токму затоа славењето на својот 100. роденден „СКОПСКО“ го почнува со вашите приказни. Почетокот на кампањата се фокусира на сите луѓе што нè потсетуваат на главната доблест на нашето најпознато пивско име, неговата моќ 100 години да создава незаборавни приказни.
Големината на „СКОПСКО“ се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух . На пиварците што се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите... на сите луѓе, кои со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!
Сите овие луѓе се главните протагонисти во кампањата и нивните видеа може да се погледнат на телевизиските канали и на социјалните медиуми на „СКОПСКО“.
Бидејќи секој од нас има приказна со „СКОПСКО“ вредна за споделување!
За наредните 100!
100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!
Ново на Сител
-
Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
-
Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА
-
Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“
-
Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
-
ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани
-
Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
-
Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!
-
„Пирогов“: Сите пациенти од Кочани, освен едно дете, се во тешка состојба