Loading Video...
Фудбал
12. May 2022 - 10:37

11-ти трофеј за Интер во Копа Италија

Екипата на Интер е освојувач иа италијанскиот фудбалски куп. 

Во финалето одиграно на „Олимпико“ во Рим, Интер го победи бранителот на трофејот од минатата сезона Јувентус со 4-2 по продолжение откако регуларниот дел заврши 2-2. 

Јувентус имаше предност се до 80-тата минута кога Чалханоглу од пенал го израмни резултатот, за во продолжението на сцена да настапи хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ кој со два гола му донесе триумф на својот тим. 

За Интер ова е осми трофеј во Копа Италија, прв по 11 години, а неро-заурите ќе се обидат сезоната да ја завршат со двојна круна, бидејќи со лутиот градски ривал Милан се во трка за скудетото, а на две кола до крајот имаат заостанување од два бода.