Македонија
26. February 2021 - 19:58

12 години затвор за Mијалков во случајот ,,Tаргет-Tврдина‘‘

55 години затвор заработија обвинетите во случајот Таргет-Тврдина. Највисоки казни од по 15 години, судот изрече за екс началниците од УБК, Грујевски и Бошковски кои се во бегство во Грција. Нивниот шеф, Мијалков е осуден на 12 години, а тогашната министерка за внатрешни Јанкуловска доби 4 години затвор. Останатите петмина обвинети се осудени на условни казни.

Пресудата за Мијалков, според неговите адвокати била превисока па најавиа жалба.

По барање на Обвинителството, куќниот притвор за Мијалков е заменет со ефективен притвор. Од попладнево тој е во истражниот затвор.

Обвинителството тврди дека не знае каде бил Мијалков кога полицијата не можеше да го пронајде дома. Откриле дека поседува дозвола за престој во странска држава што било индиција за бегство па затоа побарале ефективен притвор.

Обвинетите одговараа за масовно прислушување кое според пресудата се правело преку три системи во УБК. Се тврди дека биле преслушувани над 4,5 илјади телефонски броеви.