Македонија
15. March 2021 - 10:48

15 лица ја прекршиле забраната за движење

Во времетраење од 22 часот (14.03.2021) до 05 часот (15.03.2021) регистрирани се 15 непочитувања на забраната за движење.

- Од 22 часот (14.03.2021) до 05 часот (15.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (14/15.03.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци, соопштува МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.