Македонија
1. April 2026 - 12:26

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина

159 деца на возраст до 15 години минатата година биле повредени во сообраќајни незгоди во земјава. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека невниманието и претрчувањето преку коловоз се најчестите причини поради кои најмладите учесници во сообраќајот се изложени на ризик од повреди. За среќа, ниту едно дете не го загубило животот.

Надлежните посочуваат дека децата се една од најранливите категории во сообраќајот, поради што е неопходна континуирана едукација и развивање безбедни навики уште од најмала возраст. Во таа насока, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата континуирано спроведува едукативно-превентивни активности со цел најмладите да ги запознае со основните правила за безбедно преминување улица. 

Од Републичкиот совет информираат дека ваквите кампањи ќе се реализираат континуирано. Целта е да се подигне свеста кај децата и да се намали бројот на сообраќајни незгоди.