-->
-->
164 санкции за брзо возење
-->
Во текот на вчерашниот ден (02.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи. Од нив 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движело со дури на 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Груевска Илиевска: Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на бранители
-

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
-

Зголемено нивото на повеќе реки
-

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не се решение, ќе го нарушат протокот на стоки и снабдувањето
