Македонија
17. December 2022 - 8:52

167 санкционирани возачи во Скопје

Во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.