Македонија
23. February 2020 - 20:06

17 барања за вонреден инспекциски надзор од поднесените 23 останале без одговор од инспекторатот за труд

Трудовите инспектори остануваа неефикасни. Во последниот извештај на Хелсиншкиот комитет кој се однесува на периодот од ноември 2019 до јануари годинава се наведува дека државниот инспекторат за труд делува бавно. За овој период биле поднсени 23 барања за вонреден надзор во фирми за кои постои сомневање дека се кршат работничките права. Најголем дел од барањата за вонреден инпскециски надзор за последните три месеци се однесуваат на неипслтаен К15 и прекувремена работа.

За 17 од овие барања одговор од инпскеторите нема. Освен тоа за ниту еден случај инспекторат не доставил целокупна документација за извршениот надзор.

На иста линија со Хелсиншкиот комитет е и синдикатот. Од таму велат дека не се задоволни од соработката со инпекторите, а нивните објаснувања за непостапување веќе не се издржани.

И синадикалците и Хелсиншки препорачуваат инспекторите да не чекаат пријави туку почесто самоиницијативно да излегуваат на терен. Да прашаат извештаи до оние кои побарале надзор во кои ќе биде наведен исходот од проверката. Да отворат телефонски линии во сите подрачни единици за да се подобри заштитата на работниците.