Македонија
7. August 2020 - 19:56

17 заразени на скопска геријатрија

Седумнаесет пациенти од геријатриската болница во Скопје се заразени со коронавирус. Двајца од нив поради потешка клиничка слика се префрлени во Инфективна. Од геријатрија информираат дека останатите пациенти немаат никакви симптоми и остануваат на лекување во установата.

Позитивни на ковид-19 се и тројца вработени за кои од болницата велат дека веднаш биле исклучени од работниот процес.

20-мината заразени во Геријатрија се откриени со скрининг откако болницата пријавила дека има двајца пацинети позитивни на вирусот. Од установата информираат дека се преземени мерки за спречување на ширењето на инфекцијата, а објектот е веднаш дезинфициран.