Македонија
6. July 2022 - 11:41

22-годишно момче убиено во Струмица

22-годишно момче е усмртено, а уште три лица се повредени во тепачка која се случила синоќа на улицата „Бетовенова“ во турското маало во Струмица. Според првичните информации и починатото момче и повредените се од исто семејство, односно се работи за неговиот малолетен брат, мајка и најверојатно баба.

Од струмичката болница потврдија дека синоќа кај нив биле донесени четири лица. Прободеното момче во болницата е примено мртво, а лекарите само ја констатирале неговата смрт. Останатите три лица биле со лесни убодни рани и се наоѓаат надвор од животна опасност. Малолетникот уште синоќа е пуштен на домашно лекување додека двете жени се задржани во болницата,  но во текот на денешниот ден и тие ќе заминат дома.

Официјални информации за причините поради кои дошло до расправијата засега нема. Од полицијата само информираа дека кај нив бил пријавен инцидент на улицата „Бетовенова“ по што нивни екипи излегле на терен и презеле мерки за расчистување на случајот. Повеќе детали најавија дека ќе соопштат во текот на денешниот ден.