22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
22 ноќни клубови, дискотеки, кабареа и дискотеки на отворено имаат лиценца за работа во цела држава, на 15 им е истечена- ова го утврдиле пазарните инспектори при инспекциите во последниве два дена. За оние кои немале лиценца или им е истечена, им се забрани вршење на дејност дури не се провери дали ги поседуваат минималните технички услови за работа.
Издадените лиценци се обновуваат на една година, а министерството за економија ги известува еден месец пред истекот на лиценцата.Во моментов и во министерството за економија се проверуваат и важечките лиценци, дали се фалсификувани.
Локал да се регистрира како кабаре за да може да работи до подоцна чини од 2.500 до 5.000 ЕВРА
Ноќен бар 5.000 до 7.000 ЕВРА и дискоклуб или дискоклуб на отворен простор – од 7.000 до 10.000 ЕВРА.
Клучно за давање на лиценцата е исполнување на минималните технички услови, Според законот за угостители објектот мора да ги исполнува санитарно здравствените услови, услови за заштита при работа, заштитата и унапредување на животната средина, противпожарна заштита и услови за заштита од бучава пропишани со закон.
Исто така угостителот мора да обезбеди и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.
Градоначалникот на општината пак, според членот 8 од законот води евиденција на угостителите кои започнуваат со работа на нивното подрачје.
До 2007 година државниот пазарен инспекторат имал обврска да утврдува дали се исполнети минимум техничките услови за работа, но по измените на законот истата година, правното лице доставува со изјава под материјална и кривична одговорност дека се исполнети минималните технички услови. Инспекторатот не е должен по стекнување на дозволата на локалот да излезе на терен, односно само по пријава.
Но поради пропустите во овој закон, владата најави измени на овој закон.
За дискотеката во Кочани, Пулс во 2022 година е направена инспекција, по лиценцата која за прв пат ја добиле во 2021вата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар