Македонија
2. December 2020 - 17:28

27-годишен скопјанец пронајден мртов на Бит Пазар

Вчера во 05.25 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат М.Ш.(27) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт,соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.