Балкан
29. November 2021 - 16:37

29 Ноември - Денот на Републиката

На овој ден на 29 Ноември во виорот на војната пред 78 години се роди новата заедничка држава Југославија, а во неа за прв пат македонскиот народ доби своја сувереност.

На заседанието на антифашистичкото Собрание за прв пат се призна постоењето на македонската нација, националната свест и јазик.

Избраното претседателство во градот Јајце донесе одлука на македонски јазик да се печатат сите прогласи и одлуки. На тој начин македонската азбука и јазик станаа признати и пред официјалната кодификација во 1945 година.

Република Македонија стана федеративна единка и заедно со другите, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина дел од заедничката држава.

Во следниот период Македонија се разви како посебен ентитет, со своја култура, уметност, образовен систем, институции, а презнакот секаде беше македонски.

Под водство на Тито во новата југословенска држава се прокламираше братство и единство, рамноправност на сите народи. Во социјалистичкиот систем кој не беше ригиден како оној на Вашарскиот пакт, се живееше со отворени граници, со пасош кој важеше насекаде.

По завршувањето на Втората светска војна 29 ноември стана државен празник  кој се славеше како роденден на Републиката, а по распаѓањето на југословенската федерација, овој датум престана да се прославува.