30-дневен притвор за струмичани кои пренесувале 44 грама марихуана на патот Ресен-Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, кои пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола.
Тие се осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители, како што информира ЈОРСМ, на 8 февруари, од засега непознати лица, неовластено набавиле наркотична дрога марихуана наменета за продажба.
– Дрогата, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки на патот Ресен – Битола. Марихуаната ја пронашле полициски службеници од ОВР Ресен кои извршиле преглед на возилото, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднел предлог за определување мерка притвор спрема осомничените, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да влијаат врз можните сведоци и соучесници или да го повторат делото, а судија на претходна постапка го прифати преедлогот на обвинителот и донесе решение со кое определи притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
