Македонија
30. May 2020 - 15:21

33-годишник се здобил со тешки повреди на работното место

Вчера во 10.17 часот во СВР Скопје, од Градската болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.А.(33) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека З.А. се здобил со поврдите додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Пролетерска“ во Скопје.

Се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.