36-годишен скопјанец почина од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на ковид-19. Регистрирани се 409 оздравени пациенти и пријавени се вкупно 26 починати лица меѓу кои најмладиот има само 36 години, информира Министерството за здравство.
Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36,56,63,64,71,76,78, 84,), 3 лица од Битола (41,65 и 82), по 2 починати лица од Тетово (63 и 73), Струмица (62 и 68) и Кочани (61 и 80) и по 1 починато лице од Куманово (63), Велес (65), Гостивар (73) ,Охрид (71), Штип (56), Кичево (40 ), Гевгелија (68), Дебар (64) и Виница(60). Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево