Македонија
10. December 2019 - 16:36

400 средношколци - дел од проектот за настава со врсници кои учат на различен јазик

Кај средношколците постои интерес да го учат јазикот на етничката заедница на која не припаѓаат. Заедничките часови во 4 средни скопски училишта покажале дека соживотот и меѓусебното почитување се достигнува само преку учење на различностите одблиску. 450 ученици биле опфатени со оваа иницијатива во второто полугодие од ланската учебна година.

Етничка поделба по паралелки во  училиштата е резултат на инциденти меѓу учениците, но министерот за образование смета дека  постои волја примерот на градот Скопје да го следат и другите општини.

Иницијативата на град Скопје е поддржана од претставниците на УСАИД и ОБСЕ кои најавија понатамошна поддршка за интегрираното образование.