5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
Членството на Македонија во НАТО донесе стабилност и оптимизам во регионот. Земјава останува посветена на соработката со сојузниците и партнерите во справувањето со предизвиците и интегративните процеси – шефот на македонската дипломатија на состанок со амбасадорите во земјава ја одбележаа 5-годишнината од членството во НАТО Алијансата.
Потенцира дека нашата надворешна политика има три константи, полноправното членство во НАТО, целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и стратешко партнерство со САД.
Муцунски им се заблагодари на амбасадорите за брза реакција и помошта која пристигна по трагедијата во Кочани и порача дека силата на солидарноста е главната карактеристика на Алијансата.
Членството во НАТО не е само формално достигнување, туку доказ за нашата посветеност за мирот и стабилноста, порача заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили.
По решавањето на спорот со Грција и промената на уставното име, во 2020 година на 27 март Македонија стана 30-та членка на Алијансата. Полноправното членство беше и една од стратешките цели зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар