Свет
20. September 2021 - 16:32

6 загинати и 19 повредени во пукање во кампусот на државниот универзитет во рускиот град Перм

6 лица загинаа а 19 се повредени во пукање во кампусот на државниот универзитет во рускиот град Перм. 

Жртвите се студенти и професори. 

Стрелецот исто така студент на универзитот не бирал во кого ќе пука.

Луѓето бегале а некои во паника и скокале од прозорците. 

Напаѓачот кој има 18 години е приведен. При апсењето пружи отпор и е повреден објави полицијата. Тој имал дозвола за ловечко оружје  а пушката што  ја користел во нападот ја купил легално.   

Тимур Бекмансуров нападот го најавил на социјалните мрежи.