64 отсто од Грците загрижени за Ковид-19 по отворањето на границите
По отворањето на границите, 64 отсто од Грците се многу (34 проценти) или доста (30 отсто) загрижени за епидемијата на Ковид-19, според новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Сепак, загриженоста е поголема кога станува збор за грчко- турските односи и позицијата на Турција, со оглед на тоа дека еден од седум анкетирани рекле дека многу (40 отсто) или доста (30 отсто) се загрижени за конкретната тема.
Во однос на политичката сцена во Грција, предност од 19 отсто има владејачката Нова демократија во однос на опозициската СИРИЗА, а Кирјакос Мицотакис со 48 отсто, според анкетираните, е посоодветен а премиер, наспроти 24 проценти, колку што добива Алексис Ципрас.
Од анкетираните, 54 отсто, позитивно ја оценуваат и работата на грчката Влада во изминатата една година од победата на Нова демократија на ланските избори.
Поконкретно, 31 отсто од испитаниците велат дека владата работи подобро отколку што очекувале, 23 проценти одговориле дека е во рамките на нивните очекувања.
Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“ било спроведено од 6 до 8 јули 2020 година, а биле анкетирани 1.305 лица со право на глас.
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи