Македонија
9. March 2021 - 9:43

644 лица казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 644 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.