Македонија
21. August 2024 - 16:37

9 нови лекови на позитивната листа – Зошто меѓу нив нема комбинирани терапии во една таблета?

По 10 години конечно се прошири позитивната листа со девет нови генерики, преку 87 лекови. Овие лекови кои на годишно ниво ќе го празнат буџетот на Фондот за еден милион евра, се монотерапија. Тоа значи еден лек се пие за една намена.

По реакциите на дел од лекарската фела и пациенти, кои искажаа загриженост зошто лековите на позитивната листа не се комбинирани, односно не сме вметнати неколку лекови во една таблета за да им биде полесно на пациентите кои  треба да пијат повеќе апчиња, од Комисијата појаснуваат дека не добиле таква апликација од ниту една фирма. Фармацевските компании испраќаат барања за најчесто барани лекови на дневна база од граѓаните, по што Комисијата носи одлуки за тоа кој лек е најприритетен да се стави на оваа листа.

И Онколошките пациенти се пожалија, дека ниту еден лек којшто го пијат го нема на позитивната листа. Таравари на ова реплицираше дека терапиите кои ги примаат овие пациенти се покриени од здравство, со условните буџети на клиниките.

Од ЗПЛ го поздравуваат чекорот на Комисијата за проширување на листата на лекови, кои кај граѓаните имаат најголема побарувачка.

Опозицијата пак успехот на проширувањето на листата, си го препиша на своја

Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните. Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза.  За жал процесот не е комплетиран до крај. За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрита и да се дополни заедно со болничките лекови, велат од СДСМ.

Деветте нови лекови на листата се за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција.