-->
-->
АБА лига: Ц.Звезда ја „испи“ Цедевита
-->

Кошаркарите на Црвена Звезда ја постигнаа и втората победа во АБА лигата откако синоќа на домашен терен ја победија Цедевита со 88:64 (15:7; 23:25; 28:12 и 22:20). Овој дуел претставуваше реприза на ланското финале, кое истотака го доби Црвена Звезда. Најдобар поединец со Чарлс Џенкинс со 16 индекс поени, а постигна 15 поени, додека поефикасен од него беше Марко Симоновиќ со 16.
На првиот натпревар од 2.коло од АБА лигата во неделата Будуќност го победи Задар со 105:89. Екипите на Црвена Звезда и на Будуќност имаат старт во новата сезона со по две победи од два натпревара.
Денеска се играат три дуели од оваа рунда. Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот е домаќин на белградски Партизан, додека од 19 часот играат ФМП и Мега, а од 21 часот е дуелот Цибона – Морнар.
Утре и вториот македонски преставник во АБА лигата го игра дуелот од второто коло Карпош Соколи е домаќин на Игокеа, додека Олимпија и Крка ќе играат на 5.декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
