АД МЕПСО: Преземените количини од МЖ Транспорт прават дисбаланс во системот
АД МЕПСО информира дека спроред регистрираното на броилата на кои се бележи испорачаната електрична енергија од електропреносниот систем, МЖ Транспорт во последниве денови, преземал одредени количини електрична енергија од преносната мрежа и дека генерално, преземените количини прават дисбаланс во системот, но тие количини се мали за да бидат окарактеризирани како загрозувачки за работењето на елепреносниот систем.
– И покрај тоа што МЖ Транспорт во моментов нема снабдувач за електрична енергија, АД МЕПСО не ја исклучи оваа компанија од електропреносната мрежа бидејќи согласно законските одредби МЖ Транспорт е од посебна важност за одвивање на нормалниот живот на граѓаните и за функционирање на стопанството, се вели во соопштението од АД МЕПСО.
Од АД МЕПСО, исто така, најавуваат дека ќе преземат соодветни чекори за неовластеното преземање електрична енергија од страна на МЖ Транспорт.
Ново на Сител
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
-

Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
-

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност
-

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари
-

Ердоган го повика Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите
