Адеми-Малм: Дијаспората мост за поврзување меѓу Шведска и Македонија
Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми кој престојува во Шведска, денеска имаше средба со претседателката на Советот на Гетеборг, Лена Малм, соопшти неговиот кабинет.
Адеми ја запозна Малм со неговите активности во изминатите десетина месеци, при што ја истакна посветеноста во институционалното поврзување на дијаспората со државата.
Истакна дека дијаспората има значаен удел во економските активности во државата и од тие причини Владата на Република Македонија работи на Национална стратегија за соработка со дијаспората, која покрај економската соработка, ја акцентира потребата и од политичка, културна и образовна соработка.
Малм изрази благодарност за посетата и притоа го истакна фактот дека граѓаните по потекло од Република Македонија кои живеат и работат во Гетеборг се важен дел од шведското општество, истакнувајќи ја нивната интегрираност во сите процеси во Шведска.
На средбата е констатирано дека дијаспората претставува мост за поврзување меѓу двете пријателски држави, и дека има важна улога во развојот на односите и соработката во повеќе области од заемен интерес.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
