Адеми – Пломп: Северна Македонија и Холандија треба да ја продлабочат образовната соработка
Северна Македонија и Холандија можат и треба дополнително да ја продлабочат образовната соработка, со програми и проекти кои ќе отворат нови перспективи за развој и интеракција, беше констатирано на денешниот работен состанок на министер за образование и наука Арбер Адеми со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Вилем Вутер Пломп.
Министерот Адеми и амбасадорот Пломп ја проценија досегашната соработка во областа на образованието и направија ретроспектива на програмите спроведени со поддршка на Холандија, како и за позитивното влијание што ги имале истите во унапредувањето на образовниот систем.
Од прес-службата на Министерството за образование и наука соопштуваат дена на овој состанок беше констатирано дека нашите две земји можат и треба дополнително да ја продлабочат оваа соработка, со програми и проекти кои ќе отворат нови перспективи за развој и интеракција.
Во оваа пригода, министерот Адеми го информира холандскиот амбасадор за некои од клучните реформи кои се преземени со цел подобрување на квалитетот на сите нивоа на образование, како и со цел да се обезбедат соодветни законски решенија кои ќе гарантираат реализација на современи образовни вредности во нашата земја.
Целта на сите обврски и реформи што се преземени од страна на Министерството за образование и наука и Владата на Северна Македонија, како што истакна Адеми, е приближување на нашиот образовен систем со образовните системи на европските држави.
– Не помалку важно за остварување на оваа цел е градење на кадри со вештини и знаења коишто се потребни на пазарот на трудот, во земјата и во странство, се наведува во соопштението.
Министерот Адеми даде висока оцена за одличната работа и изразената дипломатска конструктивност на амбасадорот Пломп на функцијата амбасадор, кој со својата мудрост и зрелост даде значаен придонес во зајакнувањето на врските меѓу нашите две земји, како и во интензивирањето на соработката во областа на образованието преку разни форми на делување.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО

