-->
-->
Адетокунбо го пропушти натпреварот со Портланд поради повреда
-->
– Тренерот на Милвоки бакс, Мајк Буденхолцер, соопшти дека најголемата ѕвезда на тимот, Јанис Адетокунбо го пропушти натпреварот против Портланд одигран ноќеска поради повреда на скочниот зглоб.
Милвоки загуби со 107:122 по лошата втора четвртина во која прими 40 поени, а даде 24.
– Јанис не беше подготвен да игра денес. Генерално повредата не е сериозна, да видиме како ќе се чувствува деновиве. Мислам дека ќе наскоро ќе се врати на теренот, информира Буденхолцер.
Дваесет и седумгодишниот Адетокунбо е двократен МВП во НБА-лигата. Во тековната сезона настапи на 47 натпревари со просек по натпревар 29 поени, шест асистенции и 11,2 скока.
Утре Милвоки ќе игра против Индијана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
