Македонија
26. October 2020 - 21:24

Администратори или окупатори – сведоштва на учесниците од НОБ

Окупатори или администратори? Борците кои се заслужни за победата против бугарските фашисти во Втората светска војна сведочат за ѕверствата кои ги вршеле бугарските војници.

Раде Гогов, со партизанско име Црноречки кој се борел на повеќе фронтови, а е и меѓунајзаслужните за ослободувањето на Скопје за Сител раскажа каква била улогата на Бугарите во Македонија. Конфискувале од населението за да ги прехранат германските војници на европските фронтови. Но немилосрдни биле и во реваншизмот кога партизаните правеле акции.

Претседателот на Сојузот на борци на Град Скопје, Стамоски, пак, вели дека сега се промените позициите. Но според неговите сеќавања, македонските партизани спречиле бугарската трансформирана војска да влезе во главниот град по победата на фашизмот.

Само во источниот дел на Македонија за време на Втората светска војна биле одржани 100-тина битки против бугарската војска.