АДСДП спроведува дезинфекција на сите свои објекти
АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција на сите социјални згради лоцирани низ целата територија на државата (вкупно 20), 4 катни гаражи со кои стопанисува, 11 подружници, како и Дирекцијата.
Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19. Станува збор за третман со кој
се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините. Средството кое што се употребува е еколошко, односно
покрај својата голема ефикасност е и потполно безбедно за околината. Во насока на грижата за здравјето на станарите,АДСДП на социјалните згради
истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија.
Акцијата на спроведување дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период, секако во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи