Македонија
9. March 2021 - 10:10

Aгатангел: Левица прва удри по црквата, не се свесни дека црквата е столб на државата

Митрополит Агатангел во „Неделен Брифинг“ ја искритикува партијата Левица затоа што тие први удриле по црквата и не се национална партија. 

-Одма рипнаа против црквата. Нека ми простат Левица, но тие не се национална партија, тие први удрија против црквата. Тие се млади деца, што им смета црквата и ѕвоното. Не е убаво тоа, тие не се свесни дека црквата е столб на државата, дека државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата. Црквата е столбот, црквата е спасението на народот, тоа е бродот кој ќе не спаси. Сите имаат душа, нема човек кој не верува. Ние ја немаме осознаено верата, тоа е тука проблемот кај нас. Зошто ние во времето на комунизмот имавме подобри патриоти? Затоа што сите тие луѓе учеа веронаука. Нивните родители беа побожни, рече митрополит Агатангел.