Loading Video...
Свет
9. August 2022 - 16:30

Агенти на ФБИ упаднаа во домот на Доналд Трамп

Агенти на ФБИ ненајавено упаднаа во мојот дом на Флорида. Извршија претрес кој не беше ниту потребен, ниту соодветен. Никогаш вакво нешто не му се случило на претседател на САД. Ова се мрачни времиња за нашата нација. Вака Доналд Трамп ја опиша вчерашата акција на разузнавачката и безбедносна служба на САД која се одвивала на имот на Флорида додека тој бил во Њујорк. Трамп обвини дека ова е уште еден обид на демократите да го спречат во намерата да освои нов претседателски мандат. Од Белата куќа соопштија дека претходно немале сознание за претресот. Претседателот Џо Бајден изјави дека за акцијата дознал од вести.   

Трамп не даде коментар која била причината за претресот. Молчат и ФБИ и Министерството за правда кое во моментот води две истраги против Трамп –  едната за напорите за поништување на претседателските избори во 2020 година и инцидентите во Каптиол на 6 јануари 2021 година, а другата за службени документи кои биле државна тајна, а кои Трамп ги  однел од Белата куќа во резиденцијата Мар–а-Лаго, во Палм Бич Флорида по завршувањето на неговиот претседателски мандат. Водечките американски медиуми објавија дека акцијата е поврзани со ракувањето со доверливи документи од страна на Трамп. Според медиумите, агентите имотот го напуштите со неколку кутии. Во САД, целата коресподенција од претседателот мора да биде архивирана и чувана. Дел од американските медиуми претходно објавија дека Трамп ги прекршил законите за водење на претседателските досиеја и често уништувал документи, нацрти и белешки откако ќе ги прочитал. Некои документи како што пренесоа медиумите завршиле во веце школка во Белата куќа. Веднаш по информациите за акцијата на ФБИ, група поддржувачи на Трамп се собраа пред неговиот имот за да му дадат поддршка.