Македонија
21. February 2020 - 17:59

Ахмети се појави во судница и потврди дека се познава со еден од обвинетите во „Монструм“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети знаел дека убиените момчиња кај Смиљковското езеро биле масакрирани. Во својство на сведок беше присутен на рочиштето за случајот Монструм а овие сознанија рече дека ги имал од институциите. Тој одговараше на прашања поврзани со транскриптите од телефонските разговори со лица со кои разговарал тогаш за случајот и рече дека лично го познава  обвинетиот Фејзи Азири.

Ахмети во судницата потврди дека по петкратното убиство се интересирал и  комуникацирал со своите сопартијци за да спречи ескалација на состојбата. 

- ДУИ плати висока цена, сите не обвинуваа дека ние сме актери, дека сме поврзани со случајот. Затоа никој повеќе од нас не сака да се расветли случајот оти ние ја плативме политичката цена. Нашата проценка беше дека судењето за „Монструм“ мора да се повтори со билошки и материјални докази, транспарентно за целата јавност зато што е навистина трагичен случај и ако не се расветли така како што треба може да има последици, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Роднините на убиените момчиња сметаат дека Ахмети имал директна поврзаност со еден од обвинетите.

Сведочеше и  вицепремиерот Бујар Османи. Тој потврди дека се сретнал со семејството на обвинетиот Азири бидејќи бил прозван од неговото семејство да им каже каде се наоѓа а тој немал такви информации.

Сведок на денешното рочиште беше и тогашниот заменик министер за внатрешни работи Џелал Бајрами кој истакна дека за време на истрагата за Монструм споделувал информации со лидерот на ДУИ но како сопартиец а она што го пренесувал било било од неформални разговори во МВР. Судењето за Монструм продолжува во четврток.  Како сведоци се повикани  екс директор н аУБК Сашо Мијалков,  советникот на поранешниот претседател на државата Синиша Алексовски, како и тогашниот  вицепремиер Муса Џафери и министер за правда Блерим Беџети.