Македонија
13. August 2024 - 16:42

Ахмети: Србите, Бугарите и Грците ќе ги проголтаат Македонците ако не се во добри односи со Албанците

Ако не соработуваат со нас, Македонците ќе бидат проголтани од Србите, Бугарите и Грците. Ваква порака упати лидерот на Демократската унија за интеграција, од настанот на Европскиот фронт за одбележување на 23 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.. Според Ахмети, македонската нација не може да постои без соработка со албанскиот народ.

Заедно сме сопственици на оваа држава и нема да дозволиме непочитување на Рамковниот договор кој пред 23 години го донесе мирот во државата, истакна Ахмети.Тој рече дека во време кога на европскиот континент се води битка за суверенитет, Македонија нема комодитет да спроведува политики за остранување на легитимноста која Европскиот фронт ја добил од граѓаните.

.Овој момент да послужи за мобилизација зашто што ние сме победници и ние сме со правдата.....Кои се тие од ВЛЕН да газат врз легитимноста на својот народ....

Од Европскиот фронт информираа дека веќе ја добиле предлог платформата за меѓуетнички легитимитет од авторот на Охридскиот рамковен договор. Документот ќе одел на јавна дебата, а тој како што велат од коалицијата, треба законски да го регулира составувањето влада, односно, победник со победник. Според поранешниот пратеник Ивон Величковски, кој учествуваше на настанот организран од Европскиот фронт, го поздрави предлогот за ветинг, бидејќи како што рече, секогаш кога настапува етничка или партиска мајоризација, гласно се зборува за борбата со корупцијата.

На одбележувањето на годишнината од рамковниот договор се обратија сите претседатели на партиите дел од Европскиот фронт. Единствени се во ставот дека тие биле легитимните претставници на албанците и како што најавиа нема да дозволат победникот во макеоднксиот политички блок да одлучува кој друг ќе биде дел од владата.