-->
-->
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-->

На влез во Дебар при контрола на товарно возило со скопски таблички спречен е нелегален транспорт на животни без соодветна документација. Станува збор за 17 телиња на старост од осум до десет месеци со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, прилепско.
- Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните, информираа денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
