АХВ: Нема пречка за извоз на термички третираните производи од месо во Русија
Нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, како што посочуваат од АХВ, е од времен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на нус производи од говеда (кожа) која не е соодветно третирана.
- Забраната за увоз, руските ветеринарни власти ја вовеле согласно стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, се наведува во денешното соопштение од АХВ.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ќе останат во постојан контакт и комуникација со руските ветеринарни власти и ќе ја следат состојбата.
- По смирувањето на болеста јазлеста кожа во Република Македонија Агенцијата за храна и ветеринарство официјално ќе побара од руските ветеринарни власти да извршат реевалувација на донесента одлука и да ја укинат воведената забрана за увоз од Република Македонија, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
ЕУ одвои уште 148 милиони евра за најранливите категории украински граѓани
-
Ѓоковиќ се изедначи со настапите на Федерер на Грен слем турнирите
-
Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор
-
Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, ЦУК интервенира
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин