АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија,маслиново масло и други призводи.

За утврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3650 евра во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување.
Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите,нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување,особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните.

Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.
Ново на Сител
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
-

Монументална статуа на Меси тешка 70 тони
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
