АХВ уништи 110 килограми болничка храна
Уништени 110 килограми болничка храна. Агенцијата за храна и ветерина спроведе 43 вонредни инспекциски надзори на кујните во здравствените установи ширум државата.
Инспекторите проверувале ја проверувале хигиената, условите во кои работат, лиценците и сертификатите на вработентие, но и дали воопшто се регистрирани кујните каде се прави храна за болниците.
-Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за Добра хигиенска и Добра производствена пракса како барања за безбедност на храната, вели директорот на Агенцијата, Оливер Миланов.
Здравствените установи добиле наредби за да ги поправат условите во кујните, но засега нема детали за колку време ќе мораат да ги задоволат барањата на Агенцијата за храна. Петмина директори на здравствени установи добија и парични казни.
Во изминатиот период инспекторите на Агенцијата за храна влегоа и во зимските туристички центри. Еден од операторите не бил регистриран, па инспекторите изрекле парична казна, а дале наредба и за итна регистрација.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар