Ајфеловата кула отворена по неколкумесечно затворање
Ајфеловата кула се отвора за посетителите од денеска по неколку месеци затворање како дел од епидемиолошките ограничувања.Влезниците се распродадени на интернет. Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19.
Атракцијата во Париз исто така беше затворена за посетителите во текот на дел од пролетта 2020 година, кога вирусот почна да се шири во Европа. Посетителите на Ајфеловата кула мора да носат маски и да одржуваат социјална дистанца.
Од 21 јули стапуваат на сила нови ограничувачки мерки, така што посетителите ќе треба да покажат негативен тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19.Ова правило во моментов не важи за малолетници.
Ајфеловата кула секоја година обично ја посетуваа околу 7 милиони луѓе. Минатата година беше забележан голем пад на бројот на посетители поради епидемиолошките ограничувања и помалку меѓународни туристи.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија