Loading Video...
Кошарка
20. January 2022 - 18:28

Академија ФМП славеше во Софија кај Левски во натпревар од БИБЛ лигата

Екипата на Академија ФМП забележа победа во претпоследниот натпревар во регионалната Балканска лига (БИБЛ). 
 
„Академците“ на гостувањето во Софија, го победија бугарскиот тим Левски со 84-81, со што ја остварија првата официјална победа, несметајќи го триумфот над Куманово во првата рунда, бидејќи комановци подоцна беа искчучени од лигата. 
 
Иако во еден период од првото помувреме, избраниците на Алаксандар Петровиќ имаа негатива и од 21 поен, сепак со фантастична серија од 22-2, не само што усшеаја да се вратат во игра туку по одличната игра пред се во одбраната во вториот дел „Академците“ на крајот сосема заслужено се изборија за победа. 
 
Американецот, Ајви со 29 поени, беше најефикасниот кошаркар во редовите на нашиот тим за кој Крстајиќ придодаде 17, а по 11 поени постигнаа Бакоќ и Тодоровски. 
 
Својот дебитантски настап во БИБЛ лигата, Академија ФМП ќе го заокружи во вторник кога во Скопје ќе ја пречека втората бугарска екипа, Балкан од Ботев град. 
 
Ден порано (понеделник) нашиот втор претставник во  Балканската лига, тимот на ТФТ кој во рамките од Б групата ќе биде домаќин на израелскиот систав Ирон.