Loading Video...
Кошарка
25. January 2022 - 18:52

Академија ФМП со победа го заврши своето деби во БИБЛ лигата

Со победа над бурагскиот Балкан од Ботевград екипата на Академија ФМП го заврши својот дебитантски настап во БИБЛ лигата. 
 
Речиси идентично како и пред седум дена кога на гостувањето во Софија ја победија екипата на Левски, така и попладнево во Скопје, избраниците на тренерот Алаксандар Петровиќ негативата од највисоки 16 поени во првиот дел на крајот ја надополнија и славеа победа со два поени разлика 77-75. 
 
Стефан Крстаиќ кој го постигна победничкиот кош беше најефикациот играч во редовите на Академија ФМП, а средбата ја заврши со 25 поени, додека Кили Ајви придодаде 18 поени. Со двоцифрен број на поени натпреварот го завршија и Лука Стојановски (13) Недељко Кошанин (12), додека Оливер Двојаковски иако постигна само три поени зад своето има впиша 11 скокови. 
 
Со тоа „Академците“ својот прв настап во БИБЛ лигата го завршија со две победи, во кои не влегува и триумфот над Куманово на отварањето на сезоната, бидејќи поради суспензија на кумановската екипа тој резултат беше избришан. 
 
Потсетување дека нашиот втор претставник во БИБЛ лигата, екипата на ТФТ вчера го одигра претпоследниот меч во кој беше поразен од израелскиот тим Ирон минимално со 66-67. 
 
За тимот од Тафталиџе останува уште дуелот против бугарскиот Берое  што ќе се игра во Скопје на 9 февруари