Акција на криминалистичката полиција, Државниот пазарен инспекторат и УЈП во Битола
Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола заедно со инспектори од Државниот пазарен испекторат и Управата за јавни приходи, утрово од 02 до 03 часот извршија акциска контрола во ноќен клуб во Битола.
Од секторот за односи со јавност на СВР-Битола соопштија дека акциската контрола е реализирана за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24 часот на подрачјето на Битола.
-При контролата легитимирани се 200 лица во угостителски објекти на подрачјето, при што во угостителски објект во Битола затекнато е едно малолетно лице после 24 часот и констатиран прекршок од Законот за оружје, каде при извршен преглед кај Н.М.(25) од Битола пронајден е нож, наведуваат од СВР - Битола.
Во времето од 02.00 до 03.00 часот, криминалистичката полиција во содејство со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, се додава, при извршена акциска контрола во ноќен клуб во Битола изврши прегледи врз 63 лица каде констатира низа неправилности за кои ќе се преземаат дополнителни проверки и поднесоци, потврдија од СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст