Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.
Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци - не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго.
При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
