Активен пожарот во Старо Нагоричане, во Куманово состојбата стабилна
Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане во селата Малотино и Рамно, додека на подрачјето на Куманово нема активни пожари, информираа денеска од Центарот за управување со кризи и од територијалните противпожарни единици на Старо Нагоричане и Куманово.
Во Малотино и Рамно гори мешана шума.
- Пожарот во општина Старо Нагоричане се гаси со два хеликоптери, македонски и српски. Девет пожарникари од нашата единица, 30 припадници на Армијата, пет припадници од „Национални шуми“, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Пожарот вчера се префрли во боровата шума. Покрај екипи на противпожарни единици на Старо Нагоричане и соседните општини, во гасењето беа вклучени и две теренски возила на „Национални шуми“ од кумановската и од подружницата од сесдна општина Крива Паланка.
На подрачјето на општина Куманово, нема активни пожари. Три интервенции имале и пожарникаите од Куманово, гаселе сува трева и стрниште во Романовце, во Ново Село и во населбата „Бабинн дол“.
- Испратено е возило за поддршка при гасење на пожари во оптина Старо Нагоричане, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Ново на Сител
-
Пожарот во Националниот парк Дрина се шири и се приближува до куќи
-
Со возило на авто-школа удрен па истепан малолетник, а потоа нападната и неговата мајка
-
Воздухопловен ВИНГ - 32 години во служба на државата и гарант за воздушната независност
-
Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември
-
Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
-
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години