Активни 425 случаи во државава, досега вакцинирани 254.154 граѓани
Бројот на активни случаи во државава изнесува 425 од кои 189 се во Скопје. На инфективните одделенија во државава се лекуваат 109 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 43 се во Скопје.
Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 20 случаи на Ковид-19 од 2.885 тестирања, две лица починале и 30 пациенти оздравеле.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројот на оздравени пациенти е 149.612, а на починати е 5.470.
Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Според податоците на веб страницата kovid19vakcinacija.mk , досега во државава се вакцинирале 254.154 граѓани.
– Вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, објави вчера на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочува дека со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од населението на возраст над 70 години, 42 отсто на возраст над 65 години и 35 отсто од граѓаните над 60 годишна возраст.
– Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, напиша Филипче.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
