Албанија: Инфектолог со примена прва доза вакцина заразен со Ковид-19
Познатиот албански инфектолог Пелумб Пиперо, кој пред две недели ја прими првата доза вакцина од компанјата „Фајзер“потврдено е дека е заразен со Ковид-19.
Тој првата доза на вакцината против опасниот вирус ја прими на 11 јануари, веднаш по премиерот Еди Рама. Сега резултатот од тестот покажал дека е позитивен.
Ова е прв случај на заразен во Албанија по добиена доза од вакцината.
Пелумб Пиперо е еден од најценетите доктори во земјата и од првиот ден по појавата на пандемијата тој е непосредно вклучен во грижата за ковид пацентите во Инфектвината клиника во Тирана.
Инаку, до сега во Албанија првата доза вакцина ја примија 500 лица, сите здравствени работници,со исклучок на Рама,од добиената донација од 975 дози вакцини.
Албанската влада веќе има договор со „Фајзер“ за 500.000 вакцини, за што законодавниот дом во Тирана ги изгласа потребните законски акти,кои денеска се очекува да ги потпише претседателот Илир Мета.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација