Албанија нема да учествува на доделувањето Нобелова награда за литература во Стокхолм
Албанија нема да учествува на доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хендке во Стокхолм.
Веста на социјалните мрежи ја објави овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој, меѓу другото, напиша дека „оправдувањето за суровоста во војната за време на распадот на Југославија не треба да се наградува“.
– Длабоко убедени дека оправдувањето и фалењето на воените злосторства е пречка за духот на помирување што мора да преовладува во регионот, ние одлучивме албанскиот амбасадор во Шведска да ја бојкотира свечената церемонија за доделување Нобелова награда за литература на Петер Хендке. Секоја награда за личности кои негираат геноцид, дури и преку нивните книжевни дела, само ја зајакнува тенденцијата да се избега од историските одговорности и да го релативизираат големиот товар на воените злосторства, етничко чистење и геноцид. Затоа, Албанија ќе ја бојкотира официјалната церемонија за доделување на Нобеловата награда за литература, напиша Цакај.
Сепак, нашата заложба, додава Цакај, ќе продолжи да ги промовира добрососедските односи засновани врз неотуѓивите вредности на вистината и согласно највиските барања на правдата.
Пред два дена и косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата во заминување, Беџет Пацоли објави дека неговата земја нема да присуствува на годинешната церемонија на врачување на Нобеловата награда за литература.
Тој ја повика и официјална Тирана да го бојкотира чествувањето на „пријателот и поддржувачот на политиките на Милошевиќ“.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава