Албанската Влада одобри фонд од милион евра за настраданите подрачја од земјотресот во Турција
Милион евра е фондот што Албанија ќе и го даде на Турција како поддршка за закрепнување од последиците од трагичниот земјотрес, за што одлука донесе Владата.
-Албанската Влада одобри финансиска помош, во износ од милион евра за Турција, во напорите да закрепне од последиците од трагичниот земјотрес со над 43.000 жртви и уште илјадници кои останаа без своите домови. Одлуката доаѓа како благодарност за поддршката што Анкара и ја даде на нашата земја, но и како хуманитарен однос кон народот, стои во соопштението прес службата на Владата.
Финансиска помош во овој износ претходно најави премиерот Еди Рама на дарителската акција „Турција едно срце“, кога во телефонски разговор, за време на акцијата изрази и сочувство до семејствата на жртвите и искажа поддршка за турскиот народ.
-Ние сме со турскиот народ. Во име на албанскиот народ сакаме да донираме 1 милион евра. Знам дека тоа не е малку, но потребите се многу, многу поголеми. Важно е нашите срца да се едно и да го направиме најдоброто, рекол Рама.
Покрај спасувачките и медицински тимови кои Албанија ги упати во Турција веднаш по земјотресот, организирани беа акции за собирање хуманитарна помош и истата спорачана, а 13 февруари во земјата беше ден на национална жалост.
Ново на Сител
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
-
Мицкоски по повод 23 Октомври: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица